Полицијата вчера по наредба на Основното јавно обвинителство ги приведе двете лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, поради сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик (КЗ), односно за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи
Според информациите на телевизијата Телма, вториот приведен е Аки Саити, раководител на секторот за управување со отпад во скопското комунално претпријатие
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахудин Рустеми, и уште едно лице од раководството на претпријатието сè уште се наоѓаат во полициска станица, откако вчера беа приведени во врска со проблемот со отпадот во главниот град.

„Лицата се задржани и постапката е во тек“,
велат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде повеќе детали најавуваат за подоцна.
Рустеми и вториот приведен се во полициската станица „Гази Баба“, каде сè уште трае рокот од 24 часа предвиден за полициско задржување пред да биде поднесена кривична пријава, која, како што објави телевизијата Телма“, повикувајќи се на информации од Обвинителството, се подготвува.
Според информациите на телевизијата, вториот приведен е Аки Саити, раководител на секторот за управување со отпад во скопското комунално претпријатие.
Инаку, по поднесување на кривична пријава, Обвинителството може да отвори истрага и да побара мерки за обезбедување присуство на осомничените.
Полицијата вчера по наредба на Основното јавно обвинителство ги приведе двете лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, поради сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик (КЗ).
Освен за приведувањето на Рустеми и Саити, од Обвинителството вчера информираа и дека полициски службеници „преземаат дејствија за обезбедување докази“ во врска со постапката.
Според цитираниот член од Кривичниот законик, двајцата се сомничат за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи, што сугерира дека активностите на Обвинителството и полицијата се поврзани со проблемот со несобирањето на сметот во главниот град, поради што минатата недела истражните органи отворија постапка.
За потсетување, Основното јавно обвинителство Скопје минатиот вторник информира дека почнало постапка и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со проблемот со сметот во главниот град.
Оттаму тогаш рекоа дека јавен обвинител издал наредби до Министерството за внатрешни работи и до другите надлежни органи итно да постапат и да извршат проверки за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Владата, пак, претходно соопшти дека го задолжила Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во „Комунална хигиена“ со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки.
Вчера премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека проблемот со сметот во главниот град ќе има разврска која ќе биде многу интересно да се следи.
Во врска со приведувањето на двајцата раководители на скопското комунално претпријатие вчера реагираше градоначалничката на Скопје во заминување, Данела Арсовска, која на Фејсбук напиша дека „мицковистичкиот режим и МВРО сеат страв пред вториот круг од локални избори“.
Според неа, главен виновник за состојбата со сметот е претседателката на Управниот одбор на претпријатието, Јулијана Спировска, која, како што вели во објавата, „по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет“.
„И сега директоров им е крив кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце“,
наведе, меѓу другото, Арсовска во објавата.
