Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое објавуваме одделни разговори со актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ за втор мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, и со неговиот ривал од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, се емитува вечерва (27 октомври 2025 г.) од 21:15 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, во духот на предизборната кампања, донесуваме одвоени разговори со кандидатите што влегоа во вториот круг од изборите за градоначалник на скопската општина Центар – Горан Герасимовски од СДСМ и Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ. И двајцата се родени во 1982 година, и двајцата се магистри, и двајцата сметаат на сличен корпус гласови, со оглед на тоа што доаѓаат од политички структури кои до пред неколку години беа едно. Разговараме за исходот од првиот круг и потенцијалното прелевање на гласовите од кандидатите што не се пласираа во вториот (Билјана Ивановска – „Независни заедно“ и Марија Среброва – Левица). Герасимовски со прашуваме дали се дистанцира од СДСМ, а Лабудовиќ – дали коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ навистина целосно стои зад неговата кандидатура. Тема се и урбанизмот, сообраќајот и паркирањето во Општина Центар.
Емисијата се емитува од 21:15 часот на МРТ 1.
