„Подготвени сме, ова одамна го антиципиравме. Работиме заедно со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа“, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање дали треба да стравуваме од нова енергетска криза по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државата по санкциите од Соединетите Американски Држави (САД) кон Русија. Ова тој го рече, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Градската општа болница „8 Септември“, дали треба да стравуваме од нова енергетска криза по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија.

Според него, Владата е подготвена и работи да не се случи енергетска криза, додавајќи и дека при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот, не сме останале без гас, односно работеа топланите.
„Нема да има енергетска криза. Подготвени сме, ова одамна го антиципиравме. Работиме заедно со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпиша претходната влада во заминување, па не останавме без гас, односно работеа топланите. Сите овие работи однапред се предвидени во тековното работење на Владата“,
кажа премиерот.
Посочи дека овие прашања се во делот на тековно работење на институциите, и дека не се очекува да се случи нова енергетска криза.
