Во меѓувреме, како што информира АМСМ, на истото место се случија и две сообраќајни несреќи, во кои нема повредени, туку е причинета само материјална штета
Нормализиран е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес откако тој беше прекинат поради одрон на левата коловозна лента од оваа делница по патарината „Сопот“, а пред тунелите на Башино Село, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сега сообраќајот се одвива по двете коловозни ленти.

Во меѓувреме, како што информира АМСМ, на истото место се случија и две сообраќајни несреќи, во кои нема повредени, туку е причинета само материјална штета.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
