Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта се пресретнати вкупно 193 беспилотни летала, од кои 40 се над Московскиот Регион
Москва од синоќа е цел на напади со беспилотни летала, потврди градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин, посочувајќи дека се соборени 34 украински беспилотни летала.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта се пресретнати вкупно 193 беспилотни летала, од кои 40 се над Московскиот Регион.
Поради заканата од беспилотни летала, московските аеродроми „Домодедово“ и „Жуковски“ привремено ги прекинаа летовите.
Експлозии се пријавени во неколку делови од градот и околниот регион, вклучувајќи го и округот Комунарка.
Досега нема извештаи за жртви, а московскиот градоначалник вели дека службите за итни случаи се испратени на сите локации каде што се урнале беспилотните летала.
Moscow's nightlife is said to be beautiful and full of surprises. People in Moscow, it is said, party all night long. Ukrainian drones provide beautiful effects to liven up the mood.#RussianUkrainianWar #RussiaIsCollapsing #SlavaUkraïni #SlavaUkraine pic.twitter.com/EYpi1GmGQC
— Hellin72 (@Hellin72) October 26, 2025
Во складиште за нафта во Серпухов во Московскиот Регион избувна пожар. Локалните власти не ја открија причината за пожарот, посочувајќи дека е изгаснат.
Украинските власти не коментираа за нападите. Киев редовно користи дронови со долг дострел за гаѓање воени и индустриски цели во Русија, како што се рафинерии за нафта и фабрики за оружје. Сличен напад од 34 дронови врз Москва беше регистриран на 22 септември годинава.
И Русија редовно извршува масовни ракетни и беспилотни напади врз украински градови. Во текот на изминатите две ноќи, пет лица беа убиени, а десетици беа повредени во нападите врз Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека мината недела Русија ја нападнала Украина со речиси 1 200 дронови и 50 ракети.
