Утре ќе има локални врнежи од дожд, а ќе дува ветер од северозападен правец. Во среда и во четврток времето ќе биде стабилно со постудени утра. Локален дожд повторно се очекува во петок попладне
Претпладне ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за ретки грмежи. Ова е временската прогноза за денешниот ден, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од каде најавуваат дека се очекува попладне врнежите да престанат и да се намали облачноста.

„Минималната температура ќе биде од 8 до 13 степени, а максималната ќе достигне 13 до 19 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје, особено во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни, кои попладне ќе престанат.
„Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната до 16 степени“,
пишува во прогнозата на синоптичарите.
Утре ќе има локални врнежи од дожд, а ќе дува ветер од северозападен правец. Во среда и во четврток времето ќе биде стабилно со постудени утра. Локален дожд повторно се очекува во петок попладне.
Од вчера попладне во земјава има врнежи од дожд кои повремено се пообилни и поројни со услови за појава на грмежи.
Пообилен пороен дожд и засилен ветер имаше во текот на ноќта, особено во западните делови.
