Влегуваме во директна битка за 27 општини, од коишто во првиот круг имаме убедлива победа во дури 20 општини и Градот Скопје, а во останатите шест сме многу блиску до победа или со незначителна разлика од десетици гласови во однос на опонентот, вели Манасиевски
Со 550 советнички места, 33 општини во првиот круг и зголемување на бројот на гласови за 11 000, ВМРО-ДПМНЕ се движи кон нова победа во вториот круг и запечатување на историска победа, порача Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
„На 2 ноември влегуваме во директна битка за 27 општини, од коишто во првиот круг имаме убедлива победа во дури 20 општини и градот Скопје, а во останатите шест сме многу блиску со победа или незначителна разлика од десетици гласови во однос на опонентот“
кажа Манасиевски на прес-конференција.

Според Манасиевски, оваа поддршка се должи на чесноста, работата, посветеноста и транспарентноста.
„Се должи на многу ветувања на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираа изминативе 4 години. Четири години сме без скандали, без местени тендери, без афери, без индиции или сомнежи за корупција или криминал“,
додаде Манасиевски.
