Во нападот е оштетена и градинка, а предизвикани се и пожари на повеќе места низ градот
Едно лице загина, а десет се повредени откако Русија ноќеска повторно го нападна Киев со балистички ракети, пренесува Ројтерс.
„Првичните извештаи покажуваат дека во нападот беа искршени прозорци, оштетени автомобили и кратер во дворот на станбена зграда“, напиша Тимур Ткаченко, шеф на воената управа на Киев, во објава на Телеграм.
Според објавите на локалните власти, во нападот е оштетена и градинка, а предизвикани се и пожари на повеќе места низ градот.

Фото: Архива
Според неофицијални информации, главна цел на руските напади биле термоелектраните лоцирани во областа.
Сирените за воздушен напад во Киев биле активирани во 03:51 часот по локално време. Подоцна, накратко била прогласена закана од воздушни напади низ цела Украина.
