Во последните 24 часа се направени 1 019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 89
– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 1
– Струмица 2
– Кичево 1
– Ресен 1
Регистрирани се седум смртни случаи.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале 4 пациенти: пациент од Скопје (79 г.) на клиниката од 19 мај; пациентка од Струга (66 г.) хоспитализирана на 8 јуни; пациентка од Скопје (54 г.) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46 г.) која починала при прием во амбулантата.
Во ГОБ „8 Септември“ имало два смртни случаи: пациентка од Скопје (77 г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73 г.) примена на 7 јуни.
Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.
– Скопје 1
– Прилеп 1
– Велес 4
Досега во земјата се направени вкупно 39 033 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 364, бројката на оздравени пациенти е 1 664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 536.
