Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИК), Димитриевски освои најмногу гласови во првиот круг – 16 391 глас или 38,04 отсто. Горан Стојковски-Диро освои 5 973 гласа или 13,86 отсто
Максим Димитриевски, кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од движењето ЗНАМ-За наша Македонија во вториот круг од локалните избори ќе се соочи со независниот кандидат Горан Стојковски-Диро.

Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИК), Димитриевски освои најмногу гласови во првиот круг – 16 391 глас или 38,04 отсто. Горан Стојковски-Диро освои 5 973 гласа или 13,86 отсто.
Димитриевски синоќа објави дека освоил гласови како сите други шестмина кандидати.
„Ако има втор круг, ЗНАМ дефинитивно ќе биде победник на претстојните локални избори, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните, кои препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“,
изјави тој на славеничката атмосфеера од Куманово.
Во трката за трет мандат е со поддршката на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, кој немаше свој кандидат за градоначалник во Куманово.
Стојковски во трката влегол како независен кандидат, верувајќи во успехот, а во вториот круг очекува сигурна победа и нов почеток за градот.
Кампањата за вториот круг, како што најави, ќе ја води на терен, преку директен контакт со граѓаните и поблиско претставување на својата програма со која ќе бара поддршка.
„Тргнуваме од нула. Многу луѓе што нè препознаа, ќе нè запознаат уште подобро, и очекувам повторно добар резултат на 2 ноември. Очекувам поддршка од сите граѓани кои со своето гласање сакаат промени во градот. Со политичките партии кои сакаат да бидат наши партнери во реализацијата на програмата ќе разговараме за понатамошна соработка. Уште од почеток кажав дека сме отворени за соработка со сите – не ни е важно кој ќе биде претседател на Советот или кое мнозинство ќе го формира, нашиот единствен услов е да работиме за промени во Куманово“,
вели Стојковски.
Сепак, како што додава, засега немаат разговарано за коалиции.
Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.