Во соопштението на опозициската партија се посочува и дека СДСМ се надевал на подобар изборен резултат, но додаваат дека фактот на значителна намалена разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и падот на ЗНАМ, укажува на тоа дека довербата во власта опаѓа, а СДСМ останува втора најсилна партија
ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите споредено со изборните резултати од минатогодишните избори – посочија од опозицискиот СДСМ, велејќи дека се потврдила тезата оти власта на овие избори ќе изгуби огромен број гласови.

„Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135 000 или 30,8 отсто од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56 200 на 38 034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33 проценти од гласовите. За разлика од нив, СДСМ има изгубено само 18 отсто од гласовите, што, ако се земе предвид пониската излезеност, речиси да нема загуба“,
велат од СДСМ.
За Левица, пак, посочија дека излажала оти станува лидер на опозицијата бидејќи изгубила ист процент гласови како и СДСМ, со мало подобрување на ниво на Скопје.
Во соопштението на опозициската партија се посочува и дека СДСМ се надевал на подобар изборен резултат, но додаваат дека фактот на значителна намалена разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и падот на ЗНАМ, укажува на тоа дека довербата во власта опаѓа, а СДСМ останува втора најсилна партија.
„Според анализите, СДСМ има стабилизација и раст на процентот на освоени гласови во најголем дел од општините, што е позитивен тренд, но и помал број општини каде има благ пад, за што ќе се направи соодветна анализа и преземат чекори за подобрување на резултат“,
велат од Социјалдемократскиот сојуз.
Инаку, во првиот круг од локалните избори СДСМ има освоено три градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ 32 градоначалнички места.