На славеничката атмосфера на плоштадот во Куманово, по прес-конференцијата на Димитриевски се приклучи и ОК на ВМРО-ДПМНЕ
Не ни е важно со кој ќе се натпреваруваме во вториот круг, ЗНАМ ќе победи. Ова вечерва го соопшти кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски од ЗНАМ.

„Им благодарам на партнерите од ВМРО-ДПМНЕ за поддршката, ние сме најбројни, а ВМРО-ДПМНЕ втори во Советот и тоа значи дека општината ќе функционира непречено“,
рече Димитриевски.
На славеничката атмосфера на плоштадот во Куманово, по прес-конференцијата на Димитриевски се приклучи и ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Куманово, симпатизерите на кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски од ЗНАМ, со музика прославија победа во првиот круг од локалните избори.