Освен телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на избирачкото право и лично во седумте канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип
Доколку в недела, на денот на гласањето од првиот круг на локалните избори, граѓаните се соочат со каква било повреда на избирачкото право, тоа ќе може да го пријават на бесплатната телефонска линија 0800-54321 која ќе биде отворена во канцеларијата на Народниот правобранител. Линијата ќе биде отворена од 7:00 до 19:00 часот.

Освен телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на избирачкото право и лично во седумте канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип.
„Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488“,
наведуваат од канцеларијата на Народниот правобранител.
Оттаму посочуваат дека надлежните институции се должни да обезбедат заштита на загарантираното право на глас на граѓаните кое се остварува непосредно и тајно на избори.
„Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела“,
наведува омбудсманот.