Тој, сепак, го повика неговиот противкандидат Бујар Османи на телевизиско соочување, додавајќи дека граѓаните заслужуваат вистинска дебата
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на владејачката ВЛЕН, Изет Меџити, денеска во објава на Фејсбук соопшти дека ја прифатил поканата на Телевизија 21 за дуел со неговиот противкандидат од ДУИ, Бујар Османи. Но, како што вели, Османи не се одѕвал на повикот и ја одбил поканата.

Меџити, сепак, го повика Османи на соочување, додавајќи дека граѓаните заслужуваат вистинска дебата.
„Прифатив покана за дуел на ТВ 21. За жал, ме информираа дека Бујар Османи одбил. Затоа вечер од 21 часот ќе ме гледате во интервју на ТВ 21. Но, повикот останува – Бујар, не се плаши. Охрабри се. Ајде на дуел, Бујар“,
пишува Меџити во објавата на Фејсбук.
Демократијата, додава тој, значи да се соочиш пред граѓаните и да му дозволиш на народот да ги слушне различните визии, а не да се ограничиш во рамките што сам си ги наметнал.