Украинскиот претседател вели оти Москва си дозволува да го зголемува бројот на напади оти вниманието на светот е свртено кон спроведувањето на мировните договори во Појасот Газа
Откако Русија само во текот на изминатата недела изврши над 4 000 воздушни напади врз Украина, претседателот Володимир Зеленски побара реакција од меѓународната заедница. Тој на социјалната мрежа Икс напиша оти Москва го користи моментот за интензивирање на нападите врз Украина, оти вниманието на светот е насочено кон спроведувањето на мировниот договор во Појасот Газа помеѓу Израел и движењето Хамас и побара санкциите, царинските мерки и заедничките акции против купувачите на руска нафта кои според него ја финансираат војната да останат во сила.
„Овој пристап може да го отвори патот кон траен мир за Европа. Светот може да го гарантира тоа паралелно со мировниот процес на Блискиот Исток“,
кажа тој.
Само во последната недела, според Зеленски, биле употребени повеќе од 3 100 дрона, 92 ракети и околу 1 360 крстаречки бомби. Украинските власти јавија дека властите во вчерашните напади има вкупно четири жртви во регионот Донецк – две во Костјантинивка и уште две во регионот Херсон.
„Вчера, во Костјантинивка, дете беше убиено во црква од бомба“,
напиша Зеленски.
Украина подолго време бара воведување дополнителни санкции, вклучително и против Кина и Индија, кои се меѓу најголемите купувачи на руска нафта.