Како што посочи таа, целта на овие мерки и проекти е Скопје да стане град на еднаквоста, поддршката и човечката солидарност
Во Скопје денес има луѓе кои живеат незабележани, стари лица кои се сами, жени кои преживуваат семејно насилство, деца со попреченосткои немаат соодветна поддршка. Тоа не смее да биде градската реалност.
Вака кандидатката на СДСМ за градоначлник на Скопје, Каја Шукова ја почна денешната прес-конференција на која го презентираше делот од нејзината изборна програма посветен на социјалните прашања.

Во таа насока, таа најави дека доколку ја добие поддршката на скопјани и стане градоначалничка, ќе постави нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба која ќе им помага на најранливите категории на граѓани во нивните домови.
Со фонд за лица во ризик, рече таа, ќе биде обезбедена здравствена и социјална поддршка во градот, а јавниот простор и транспорт ќе биде прилагоден за лицата со попреченост.
„Градиме центри за дневна грижа за старите лица, отвораме мултисензорски соби во училиштата за децата со пречки во развојот и воспоставуваме програми за обука и вработување на ранливи групи“,
рече Шукова.
Како што посочи таа, целта на овие мерки и проекти е Скопје да стане град на еднаквоста, поддршката и човечката солидарност.
„Имаме план, имаме решение и знаеме како да го спроведеме сето тоа, затоа што секој човек заслужува достоинствен живот во својот град“,
порача кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје.