Марковски вели дека Водно е вистинскиот потенцијал за Скопје, а планот што тој го има опфаќа сет мерки и политики кои дополнително би го заштитиле ова место и би овозможиле повеќе рекреација за граѓаните
Забрана за сообраќај до Средно Водно во текот на викендите, освен на електрични автобуси, како и изградба на велосипедска патека на Водно, се дел од ветувањата на универзитетскиот професор Горан Марковски, кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од платформата „Независни заедно“.

Марковски вели дека Водно е вистинскиот потенцијал за Скопје, а планот што тој го има опфаќа сет мерки и политики кои дополнително би го заштитиле ова место и би овозможиле повеќе рекреација за граѓаните.
Еден од проектите што ги најавува е продолжување на жичницата, како и изведба на јавни тоалети (на почетокот, на Средно Водно и на врвот). Дополнително, најавува и станица за прва помош на Средно Водно.
Горан Марковски е редовен професор на Градежниот факултет при УКИМ на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции. Тој е независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од платформата „Независни заедно“,