Информацијата ја објави министерката за надворешни работи на Британија, Ивет Купер, во текот на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ вклучени во Берлинскиот процес
Велика Британија најави дека ќе мобилизира средства за борба против мрежите за нелегална имиграција и ризикот од руско мешање во Западен Балкан. Ова беше објавено во текот на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ вклучени во Берлинскиот процес.

На дводневниот министерски состанок, кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес, учество зедоа министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
За време на средбата, шефицата на британската дипломатија Ивет Купер објави дека нејзината земја ќе одвои 10 милиони фунти (11,5 милиони евра) за иновативни програми насочени кон борба против мрежите за илегална миграција, а дополнително ќе бидат одвоени четири милиони фунти за зајакнување на капацитетите за киберодбраната на балканските земји од руско влијание.
„Знаеме дека безбедноста на Западниот Балкан влијае на безбедноста на цела Европа и на нашата безбедност тука во Велика Британија“,
рече Ивет Купер на состанокот.
Покрај министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан, на состанокот присуствуваа и министри или високи функционери од Германија, Франција, Италија, Австрија, Словенија, Грција, Бугарија и други.