Зекирија Шаини е доктор на Клиниката за пулмологија, но е и актуелен претседател на Советот на општина Липково и носител на советничката листа на НАИ предводена од ДУИ за претстојните локални избори. Вчера, во него, од пиштол пукаше непознато лице додека Шаини возел по улица во Куманово
Како што соопшти МВР, на ден 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско
Припадници на СВР Куманово ја лишиле од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово.

Како што соопшти МВР, на ден 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско.
„Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава“,
стои во соопштението на МВР.
Повредениот е Зекирија Шаини, лекар по професија, вработен на Клиниката за пулмологија. Тој е актуелен претседател на Советот на општина Липково и е носител на советничката листа на НАИ предводена од ДУИ за претстојните локални избори.
Вчера ЈОРСМ соопшти дека првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но обвинителството ги проверува сите околности.
Шаини денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.