Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видеонадзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности

Лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ денеска околу 13 часот пријавило сомнителна активност пред канцелариите на претпријатието, лоцирани на плоштадот „ВМРО“ во Скопје, каде што е и седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видеонадзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.
„Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП ‘Државни патишта’ пријавило дека на видеонадзор пред канцелариите на ЈП ‘Државни патишта’ на плоштадот ‘ВМРО’ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“,
соопштија од МВР.