Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009)
На 67-годишна возраст, денеска починал поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов.

Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието. Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази жалење за смртта на Панчо Минов.
„Со тага ја примив веста за смртта на Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и уважен човек. Ќе го паметиме по неговата посветеност и човечност. Сочувство до семејството и сите негови пријатели. Нека Господ му подари вечен мир, а на неговите најблиски утеха и сила“,
напиша Спасовски на Фејсбук.