И во главниот град ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 14 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кон крајот на денот тие ќе престанат. Ќе дува ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час.
„Минималната температура ќе биде од 6 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени“,
се вели во соопштението од УХМР.
И во главниот град ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 14 степени.
Од утре се очекува времето да биде стабилно и суво, како и да порасне дневната температура.