Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 6 октомври 2025 г. на МРТ 1, во кое донесуваме одделни разговори со потпретседателот на Алтернатива (дел од ВЛЕН) и министер за европски прашања Орхан Муртезани и со потпретседателот на ДУИ (дел од НАИ), Арбер Адеми
Коалицијата ВЛЕН претендира да освои градоначалник во сите општини во кои постои албанско гласачко тело. Очекуваме ДУИ да победи само во Пласница каде што ВЛЕН нема кандидат, вели министерот за европски прашања од редовите на ВЛЕН (потпретседател на Алтернатива), Орхан Муртезани.
Од сруга страна, потпретседателот на ДУИ (дел од НАИ), Арбер Адеми, вели дека тие се фаворити во сите општини со доминантно албанско население. „Според сите истражувања на јавното мислење, сите анкети направени, не од Демократската унија за интеграција, туку од релевантни, кредибилни институции, меѓународни,… на национално ниво разликата помеѓу ДУИ и ВЛЕН е околу 3 спрема 1“, вели Адеми.
Орхан Муртезани и Арбер Адеми се гости во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 во кое донесуваме одделни интервјуа со нив. Колку гласови очекуваат на советничките листи, дали премиерот Мицкоски е албанофоб, кој поддржува „српски свет“, што значи поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатите на ВЛЕН, како ќе заврши соочувањето меѓу Изет Меџити и Бујар Османи за Чаир, може ли да има предвремени парламентарни избори в година – се дел од прашањата што им ги поставуваме на Муртезани и Адеми.