Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое објавуваме одделни разговори со потпретседателот на Алтернатива (дел од ВЛЕН) и министер Орхан Муртезани и со потпретседателот на ДУИ (дел од НАИ), Арбер Адеми, се емитува вечерва (29 септември 2025 г.) од 21:15 часот на МРТ 1
Во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 продолжуваме во предизборен стил. По минатонеделните интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, во ова издание донесуваме одвоени разговори со високи претставници на двете најкомпетитивни политички структури кај Албанците во земјава – владејачката ВЛЕН и опозициската „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, Орхан Муртезани и Арбер Адеми. На по колку градоначалници типувааат и колку гласови очекуваат на советничките листи (во споредба со ланските парламентарни избори), дали Христијан Мицкоски е албанофоб, кој е поддржувач на „српски свет“, што значи отворената поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатите на ВЛЕН, како ќе заврши битката меѓу Изет Меџити и Бујар Османи за Чаир, може ли да има предвремени парламентарни избори следната година – се дел од темите на кои разговараме со Муртезани и Адеми.
Емисијата се емитува од 21:15 часот на МРТ 1.