Проектот има за цел да им овозможи на младите простор кој им недостига за развој, креативност и иновации
Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска го претстави еден од приоритетните проекти од неговата изборна програма – изградбата на младински центар.
Тој вели дека проектот има за цел да им овозможи на младите простор кој им недостига за развој, креативност и иновации.
„Со задоволство го претставувам еден од најзначајните и најдрагите проекти за мене лично, Младинскиот центар на Чаир, проект кој ја претставува мојата визија за еден модерен, напреден и кон иднината ориентиран Чаир. Чаир располага со големо младинско богатство, талентирани млади девојки и момчиња со исклучителен потенцијал, кои заслужуваат повеќе од зборови – заслужуваат можности, поддршка и простор за развој. Затоа изградбата на Младинскиот центар ќе биде апсолутен приоритет на мојот мандат како градоначалник. Ова не е само физички
кажа Меџити денеска.
објект, туку платформа каде нашата младина ќе може да учи, да создава, да се изразува и активно да ја гради својата иднина“,
Кандидатот за советник, Аритон Рама, во својата изјава ги опиша деталите за просториите кои ќе ги поседува овој објект:
„Младинскиот центар ќе биде изграден на четири функционални нивоа: Библиотека и сала за предавања – за учење, истражување и културни настани; Дигитален центар – со лабораторија за вештачка интелигенција, бесплатни обуки по програмирање и дигитална писменост, како и простор за стартапи и младинско менторство; STEM академија – која ќе нуди обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката; Простории за театар, советување и креативни активности, каде штo младите ќе можат слободно и без бариери да се изразуваат“,
кажа Рама.