Како што информираат од ЦУК, сообраќајот е во прекин од вчера од 23:30 часот

Поради врнежи од снег, од ноќеска, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Како што информираат од ЦУК, сообраќајот е во прекин од вчера од 23:30 часот.
На коловозот освен снег има и паднати дрва, а од ЦУК велат дека се работи на негово расчистување.
Вчера, поради задржување снег на коловозот од 19:45 часот беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово – Дебар.
Забраната од утринава од 3:40 часот е укината.
Исто така, вчера од 19:55 часот, поради истите причини, забрана беше воведена и на патниот правец Гостивар – Стража.
Инаку, земјава од вчера е зафатена од студен воздушен бран кој донесе обилни врнежи од дожд, кои на планините преминаа во снег обелувајќи ги Попова Шапка, Маврово и Стража.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека студеното време ќе се задржи и денеска. Во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои од повисоките места од дожд и снег. На планините ќе врне повремен снег.