Од ЦУК информираат и дека од 19:55 часот, поради истите причини, забрана е воведена и на патниот правец Гостивар – Стража
Поради задржување снег на коловозот, вечерва од 19:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово – Дебар, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од ЦУК информираат и дека од 19:55 часот, поради истите причини, забрана е воведена и на патниот правец Гостивар – Стража.
Инаку, земјава од изминатото деноноќие е зафатена од студен воздушен бран кој донесе обилни врнежи од дожд, кои на планините уште денеска наутро преминаа во снег обелувајќи ги Попова Шапка, Маврово и Стража.
Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, и утре времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. На планините се очекува врнежите да бидат од снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, услови за врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места.