Трамп, всушност, направи грешка за време на посетата на Велика Британија минатиот месец кога се пофали дека го решил спорот за регионот Нагорно-Карабах меѓу Азербејџан и Албанија, мислејќи притоа на Ерменија

Албанскиот премиер Еди Рама се пошегува за лапсузот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна ги измеша Албанија и Ерменија, додека зборуваше за решавање на спорот во регионот Нагорно-Карабах.
Трамп, всушност, направи грешка за време на посетата на Велика Британија минатиот месец кога се пофали дека го решил спорот за регионот Нагорно-Карабах меѓу Азербејџан и Албанија, мислејќи притоа на Ерменија.
Изјавата на Трамп очигледно му била забавна на албанскиот премиер Еди Рама, кој денеска, за време на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген, ја искористи грешката на американскиот претседател за да ги насмее претседателите на Франција и Азербејџан, Емануел Макрон и Илхам Алиев.
„Треба да ни се извините (на мене и на Илхам) што не ни честитавте за мировниот договор што претседателот Трамп го постигна меѓу Албанија и Азербејџан“,
му рече Рама на францускиот претседател.
Макрон ја прифати шегата, рече дека му е жал за тоа и го потапка Рама по образот.
„Напорно работевме на ова“,
рече албанскиот премиер.
Albanian PM Rama to Macron:
— Clash Report (@clashreport) October 2, 2025
You should congratulate Ilham Aliyev and me.
Trump has ended the conflict between us. https://t.co/6GhybUMMRe pic.twitter.com/lpjObSNFFt
Седмиот самит на Европската политичка заедница се одржува денеска во Копенхаген, а главни теми на дискусија ќе бидат Украина и безбедносната состојба во Европа.