Почетокот на „Визер скопски маратон“ е во 8 часот во центарот на Скопје на семафорите пред Црвениот Крст

Повеќе од 14 000 тркачи се пријавени за 21. издание на „Визер скопски маратон 2025“ што ќе се одржи в недела.
На „Визер скопски маратон 2025“ ќе учествуваат тркачи од 58 држави, кои ќе се натпреваруваат во четири дисциплини маратон, полумаратон на 21 километар, штафетна трка и трка на пет километри.
Почетокот на „Визер скопски маратон“ е во 8 часот на семафорите пред Црвениот Крст, а тркачите ќе стартуваат во насока кон Кисела Вода.
Финишот за сите трки е на плоштадот „Македонија“, во близина на Порта „Македонија“.
Најголеми фаворити за победа на главната трка се маратонците од Кенија и најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.
Генерален покровител на оваа спортска манифестација е Министерството за спорт.