Кампањата за првиот изборен круг ќе трае до 17 октомври, а кампањата за вториот круг, кој ќе се одржи на 2 ноември, ќе трае до 31 октомври
Од ноќеска на полноќ (29 септември) стартува изборната кампања за годинашните локални избори чиј прв круг ќе се одржи на 19 октомври. Кампањата ќе трае непрекинато до 17 октомври, а кампањата за вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 2 ноември, ќе трае до 31 октомври.

Државната изборна комисија (ДИК) во петокот го заклучи Избирачкиот список, според кој,ќ право на глас на изборите имаат вкупно 1 832 415 избирачи.
На годинашните локални избори, осми од независноста на државата, има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 577 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 499 кандидати.
Во државата се регистрирани 3 480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи. Гласањето за нив, како што соопштија од ДИК, ќе се спроведе на најблиското избирачко место.
На седница пред неколку дена, ДИК со ждрепка го утврди редоследот на гласачкото ливче.
На првите девет места од гласачкото ливче се наоѓаат парламентарните партии и коалиции, редните броеви од 10 до 33 ќе ги заземат вонпарламентарните политички партии и коалиции, а независните кандидатски листи на гласачкото ливче ќе бидат на редните броеви од 34 до 153.