Врнежите наместа ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар
Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 21 степен.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 15 до максимални 19 степени.
УХМР за утре најавува локални врнежи од дожд, а во следните два дена стабилизација на времето. Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значителен пад на температурата.