За дополнително да го засили ефектот на говорот, Нетанјаху користеше постери и мапи, ги прецрта имињата на противниците на Израел. Во еден момент, тој закачи кју-ар код на своето палто, а оние што го скенирале се поврзувале со снимки од нападите на Хамас од 7 октомври

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека Израел мора ја заврши работата против Хамас во Газа и рече дека признавањето на палестинска држава е лудо додека неколку делегации ја напуштија салата за време на неговото обраќање пред Обединетите нации.
Во говорот, Нетанјаху вети дека ќе продолжи со офанзивата насочена кон градот Газа игнорирајќи ја меѓународната осуда дека тоа ќе ја влоши хуманитарната криза во Газа, која обвинителите од Меѓународниот кривичен суд ја осудија како воено злосторство.
„Последните остатоци од Хамас се кријат во градот Газа. Израел мора да ја заврши работата за да избегне соочување со напади како оние на 7 октомври повторно, и повторно и повторно. Затоа сакаме да го сториме тоа што е можно побрзо“,
рече тој.
Нетанјаху го нарече решението за две држави „чиста лудост и ние нема да го сториме тоа“.
„Да им се даде на Палестинците држава на една милја од Ерусалим по 7 октомври е како да ѝ се даде на Ал Каеда држава на една милја од Њујорк по 11 септември“,
рече тој.
Потоа директно му се обрати на Хамас.
„Спуштете го оружјето. Ослободете го мојот народ. Ослободете ги заложниците. Сите нив, сите 48. Ако го направите тоа – ќе живеете. Ако не, Израел ќе ве лови“,
додаде тој.
Тој рече дека по првпат директно им се обраќа на заложниците и оти се надева дека ќе го слушнат преку разгласните системи поставени вдолж границата со Газа.
Според видеото од обраќањето на Нетанјаху, повеќе дипломати ја напуштија салата кога тој влезе во салата и застана зад говорницата.
Delegates walk out in protest as Israeli PM Benjamin Netanyahu – who has an ICC arrest warrant against him for alleged war crimes in Gaza – arrived at the podium to address the #UNGA80 assembly. pic.twitter.com/1oXNP14wPk
— Al Jazeera English (@AJEnglish) September 26, 2025
Нетанјаху голем дел од својот говор го посвети на одбрана на воената кампања на Израел и отфрлање на обвинувањата за геноцид.
„Обвинението за геноцид е лажно. Се вели дека Израел намерно ги таргетира цивилите. Дами и господа, вистината е спротивна“,
рече тој.
Тој реагираше на заклучоците на Истражната комисија на ОН која минатата недела објави дека Израел извршил геноцид во Газа, што Израел го нарече пристрасно и неосновано.
Според здравствените власти во Газа, повеќе од 65 000 луѓе починале во речиси две години од израелската офанзива, а градот Газа и околните области официјално се прогласени за зона на глад.
Тој, исто така, зборуваше за недостигот од храна, при што тврдеше дека гладот не е последица на израелската политика, туку на постапките на Хамас.
„Тие велат дека Израел намерно ги изгладнува луѓето од Газа, додека всушност Израел ги храни. Ако има жители на Газа кои немаат доволно храна, тоа е затоа што Хамас ја краде, ја складира и ја препродава по високи цени“,
рече Нетанјаху.
За дополнително да го засили ефектот на говорот, Нетанјаху користеше постери и мапи, ги прецрта имињата на противниците на Израел. Во еден момент, тој закачи кју-ар код на своето палто, а оние што го скенирале велат дека се поврзувале со снимки од нападите на Хамас од 7 октомври.

Во воведните зборови, Нетанјаху покажа мапа со натпис „Проклетството“, за која рече дека ги прикажува иранските прокси-групи низ Блискиот Исток. Потоа ги истакна израелските воени операции во текот на изминатата година против Хезболах во Либан, хутите во Јемен, Хамас во Газа и Иран.
За време на говорот на Нетанјаху, ситуацијата пред зградата на ОН беше подеднакво напната. Таму се собраа семејствата на израелските заложници барајќи договор за нивно ослободување, додека противниците на израелската офанзива носеа транспаренти и повикуваа на прекин на војната.