Обраќајќи им се на нашинците во САД, претседателката им оддаде почит за нивните успеси и им посака да останат сплотени и обединети, ветувајќи им дека ќе стори сѐ за интензивирање на контактите
Она што треба час поскоро да го направам е да го конституирам советот за дијаспора за да може преку него континуирано да си ги регулираме односите – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова обраќајќи им се на претставниците на македонската дијаспора што присуствуваа на настанот по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД, што се одржа во Њујорк.

Обраќајќи им се на нашинците во САД, претседателката им оддаде почит за нивните успеси и им посака да останат сплотени и обединети.
„Должни сме кон вас. Јас ветувам дека ќе сторам сѐ да ги интензивираме контактите и тогаш кога сме одвоени“,
изјави Сиљановска-Давкова, додавајќи дека што поскоро ќе го формира советот за дијаспора преку кој континуирано ќе се регулираат односите.
Претседателката изрази очекување дека стратегиското партнерство со САД ќе продолжи и во наредните 30 години бидејќи, како што рече, потребна е меѓусебна поддршка на глобален план со оглед на турбулентните времиња.
На настанот присуствуваа и министрите за надворешни работи и за евроинтеграции, Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани, кои ја придружуваат претседателката на работната посета во САД, како и претставници на дипломатскиот кор и истакнати гости од јавниот и општествениот живот и на македонската заедница.