Во интервјуто за „360 Степени“, посредникот во спорот за името, Метју Нимиц зборуваше за т.н. гестови на добра волја кај двете страни – одлуката да се преименуваат аеродромот и автопатот и за возврат на Македонија да и се дозволи да напредува во наредната фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
– Овие одлуки произлегоа од состанокот на двајцата премиери во Давос. Мислам дека тоа беше крупен исчекор напред, дури и со речиси историска димензија зашто не паметам подобар состанок меѓу двајца премиери на овие две земји во сиот мој ангажман уште од 1994/95 година. Им оддавам признание на двајцата премиери, му оддавам признание на премиерот Заев за преземање на овие важни гестови за креирање добра волја во регионот и добра волја кон соседот – рече Нимиц.
Целото интервју на следниот линк.
Напишете коментар