Четири пожари се под контрола, а 21 пожар е изгаснат
До 7 часот утринава на територијата на државава се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 21 пожар е изгаснат, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите над селото Бенче во Македонски Брод, кај селата Малино, Танушевци и Лукаре на територијата на општините Чучер Сандево и Липково и кај прилепското село Дабница.
Под контрола се пожарите на планината Кожуф, на градската депонија во Делчево, кај селото Марково Сушица во општина Студеничани и кај дебарското село Долгаш.
Изгаснати се 21 пожар на отворен простор:
- Општина Арачиново: Клучката во Арачиново (ниска вегетација и ѓубре);
- Општина Арачиново: с. Грушино (ниска вегетација и ѓубре);
- Општина Бутел: бул. „Словенија“ (ниска вегетација);
- Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и мешана шума);
- Општина Гази Баба: с. Виниче, м.в. Муратица (нискостеблеста шума);
- Општина Гостивар: нас. Циглана (Ѓубре);
- Општина Теарце: с. Лешок (ниска вегетација);
- Општина Брвеница: с. Теново (ниска вегетација);
- Општина Долнени: с. Ропотово (ниска вегетација);
- Општина Пробиштип: ул. „Доне Божиново“ (ниска вегетација).
- Општина Куманово: автопат Куманово – Скопје (ниска вегетација).
- Општина Струга: с. Ложани (ниска вегетација);
- Општина Дебар: ХЕЦ – Глобочица (ниска вегетација);
- Општина Струга; с. Велешта (сува трева)
- Општина Крушево: с. Свето Митрани (ниска вегетација);
- Општина Крушево: с. Норово (нискостеблеста шума и сува трева);
- Општина Куманово: с. Романовце (сува трева)
- Општина Куманово: Агино село (сува трева)
- Општина Чучер Сандево 2: с. Бразда (ниска вегетација);
- Општина Бутел: с. Љуботен (сува трева);
- Општина Куманово; Куманово – Скопје кај „Макпетрол“ (сува трева).