По овој земјотрес, според ЕМСЦ, биле регистрирани уште неколку потреси, а најсилниот бил со интензитет од 3,3 степени

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во Северна Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во 4:20 часот по локално време, а епицентарот бил на 20 километри исток-североисточно од Неа Рода и на 108 километри источно од Солун.
Земјотресот, според ЕМСЦ, бил на длабочина од шест километри.
Според пишувањата на грчките медиуми, засега не се пријавени повредени и материјални штети.
Институтот за геодинамика со седиште во Атина објави дека земјотресот се случил на 11 километри западно-северозападно од Кареја, административниот главен град на Света Гора, на длабочина од 12 километри.
По овој земјотрес, според ЕМСЦ, биле регистрирани уште неколку потреси. Три минути по овој потрес бил регистриран уште еден со интензитет од 3,3 степени на 24 километри североисточно од Сарти.