До среда ќе се задржи топлото и претежно сончево и топло време, а од четврток се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и пад на дневните температури
По свежото утро, времето во текот на денот ќе биде сончево и топло. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури во земјава ќе се движат во интервал од 5 до 13 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 25 до 32 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 11 до максимални 32 степени.
Според најавата на УХМР, до среда ќе се задржи топлото и претежно сончево и топло време. Од четврток, пак, се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и пад на дневните температури.