Повредени нема, а пожарот е изгаснат од скопската Бригада за противпожарна заштита
Лишени од слобода се двајца турски државјани со привремен престој во Скопје, бидејќи се сомничат дека предизвикале пожар на плац во Горно Нерези, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 18 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ги лишија од слобода Џ.К. (50) и А.А. (43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје“,
се вели во соопштето од МВР.
Како што пишува во описот за настанот од страна на полицијата, пожарот настанал додека двајцата турски државјани работеле со апарат за заварување, а од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот.
Повредени нема, а пожарот е изгаснат од скопската Бригада за противпожарна заштита.
По документирање на случајот, според МВР, ќе следува и соодветна пријава.