Осомничениот со употреба на бензин го запалил патничкото возило „мерцедес“ паркирано пред куќа во скопско Кондово
Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г. (35) од скопско Кондово, осомничен за палење на возило, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, осомничениот на 20 септември околу 9 часот со употреба на бензин го запалил патничкото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ. (51) од с. Кондово.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Г. за кривично дело предизвикување општа опасност, а од страна на судија на претходна постапка Основниот кривичен суд Скопје му одреди притвор во траење од осум дена.