Утре и на почетокот на неделета ќе се задржи сончево и топло време. Потоа се очекува да настапи зголемување на облачноста
Посвежо, но ведро утро, а преку денот претежно сончево. Ова е временската прогноза за текот на денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен“,
се вели во прогнозата на УХМР.
И во Скопје ќе биде сончево со максимална температура од 31 степен.
Утре и на почетокот на неделета ќе се задржи сончево и топло време. Потоа, во деновите кон крајот на неделата се очекува да настапи зголемување на облачноста.