Оваа одлука, како што најави, ќе му ја препушти на Брендан Кар, претседателот на Федералната комисија за комуникации на САД, кој се најде во средина на контроверзиите поврзани со откажувањето на шоуто на Џими Кимел на Еј-би си њуз поради неговите коментари околу убиството на Чарли Кирк
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека телевизиските мрежи што известуваат негативно за него би можеле да ги изгубат лиценците за емитување, пренесува Си-ен-ен.
Со тоа, тој ја поддржа одлуката на американската радиодифузна регулаторна комисија за суспензијата на водителот на Еј-би-си њуз, Џими Кемел, поради неговите коментари за убиството на политичкиот активист Чарли Кирк.
На оваа тема Трамп зборуваше одговарајќи на новинарско прашање во авионот „Ер форс уан“, а враќајќи се од државата посета на Велика Британија.

„Некаде прочитав дека 97 отсто од телевизиските мрежи се против мене, а сепак лесно ги добив изборите. Но, тие ми даваат лош публицитет, па можеби нивната дозвола за емитување треба да им биде одземена“,
рече тој.
⚡️Trump:
— The Global Monitor (@theglobal4u) September 18, 2025
When you have a network and you have evening shows and all they do is hit Trump… They’re licensed. They’re not allowed to do that. pic.twitter.com/YQq41L42Tt
Според него, за критериумите за одземање на лиценците за телевизиските мрежи треба да се дискутира.
„Имате телевизиска мрежа што емитува програма доцна во ноќта и што го напаѓа Трамп и ништо друго. Тие не можат да го прават тоа, тие се огранок на демократите“,
кажа Трамп.
Сепак, најави дека оваа одлука ќе му ја препушти на Брендан Кар, претседателот на Федералната комисија за комуникации на САД, кој се најде во средина на контроверзиите поврзани со откажувањето на шоуто на Џими Кимел на Еј-би си њуз поради неговите коментари околу убиството на Кирк.