Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер, над 60 километри на час. Кон крајот на денот облачност ќе се намали, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Според УХМР, во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално над 60 километри на час. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.