По тој повод вечерва во Скопје ќе се одржи тивок собир на кој ќе им се оддаде почит на жртвите, а во Кочани ќе се одржи традиционалниот „Марш на ангелите“
Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во Кочани кога во голем пожар во т.н. кабаре „Пулс“ загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Случајот е една од поголемите трагедии во поновата историја на државата.

По тој повод вечерва во 20:16 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи тивок собир на кој ќе им се оддаде почит на жртвите. Протестот е на повик на иницијативата „Кој е следен“
Покрај во Скопје, собир ќе се одржи и во Кочани, каде што родителите и роднините на загинатите ќе излезат на традиционалниот „Марш на ангелите“ што го практикуваат речиси секој викенд по трагедијата. Маршот ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ каде што и ќе заврши.
Обвинението за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани беше поднесено речиси три месеци по трагедијата, на 13 јуни. Обвинети се вкупно 34 физички и три правни лица.