„Разговаравме за неговата иницијатива за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово“, објави премиерот на социјалните мрежи
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во зградата на Владата се сретнал со познатиот српски актер Милош Биковиќ. На средбата, како што објави Мицкоски на својот инстаграм-профил, разговарале за иницијативата на актерот што тој ја изразил за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово, од каде што има потекло.

„На мое задоволство имав средба со познатиот актер Милош Биковиќ кој по потекло е од убавиот македонски град Берово. Разговаравме за неговата иницијатива за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово. Ме радува неговата иницијативност и љубов кон Берово и Македонија. Така се почитуваат своите корени“,
напиша Мицкоски во објавата на Инстаграм.
Во биографијата на Милош Биковиќ достапна на Википедија, се наведува дека тој има делумно македонско потекло, а оти неговиот дедо е роден во Берово.