Оттаму нагласуваат дека скопските градоначалници четири години се бореле за поефикасно справување со отпадот, за почист воздух, и тоа првите три години без никаква помош од централната власт, а „групацијата СДС-ДУИ само им одмагаше“

СДСМ е олицетворение на хипокризија. Венко Филипче и неговите другари од СДСМ едно зборуваат претпладне, друго прават попладне. Претпладне се загрижени за пожарите, многу очигледно дека се подметнати, и им солат памет на граѓаните, не излегувајте од дома, ако мора да излезете, носете маски и слично. Но, веќе попладнето, поточно приквечер си собраа дружина, излегоа во Градски парк, се сликаа, правеа селфиња, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„И сега што е вистина, опасно е, седете дома, или одете во парк. Ова е првиот аспект, кој е вториот? Многу очигледен, а тоа е дека станува збор за подметнување пожари и тоа во депонии или нивна близина. Очигледно, затоа што не е реално за неколку дена да горат само депонии и да се отвора секој ден ново жариште. Справувањето од страна на надлежните со пожарите летово беше евидентно, па некој од групацијата СДС-ДУИ очигледно одлучи да се поигрува со граѓаните и да потпалува депонии“,
посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму нагласуваат дека скопските градоначалници четири години се бореле за поефикасно справување со отпадот, за почист воздух, и тоа првите три години без никаква помош од централната власт, а „групацијата СДС-ДУИ само им одмагаше“.
„Сега на дело е функционалноста на системот и сите надлежни сегменти за овој дел во него. Постапуваат сите надлежни институции. По ова ќе следи одговорност за секој еден кој прави сè за власт, а на штета на граѓаните. Хипокризијата кај СДС е сè поизразена, наутро сеат страв, навечер прават журки во парк, во меѓувреме се занимаваат со специјалноста палење депонии. Одговорност ќе има“,
порачаа од владејачката партија.