По повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на загинатите во Кочани, утре ќе се одржи црковен помен на нивните вечни почивалишта
Оваа сабота (13 септември) во Кочани нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“, соопшти Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“.

„На овој ден ќе биде извршен црковен помен на вечните почивалишта, по повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на нашите деца“,
соопштија од Здружението.
Секоја сабота, низ улиците на Кочани, родителите на жртвите од трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ организираат протестен марш, со кој бараат правда, отчет и одговорност за изгубените животи на своите деца.
Бараат вистинска разрешница за овој случај и оти секој кој има одговорност, без разлика на функцијата, позицијата или моќта, мора да биде изведен пред лицето на правдата бидејќи, како што повторуваат на секој марш, нивните загуби немаат замена.