ИДФ вчера објави дека пресретнала ракета и дрон од Јемен, а хутите подоцна ја презедоа одговорноста

Јеменското Министерство за здравство управувано од хутите соопшти дека во вчерашните израелски напади во главниот град на Јемен, Сана, и врз северната покраина Ал Џаф, загинале 46 луѓе, а 165 се повредени.
„Нападите се извршени како одговор на нападите предводени од терористичкиот режим на Хутите против државата Израел, кога со дронови и проектили земја-земја нападнаа израелска територија“,
се наведува во соопштението на израелската армија (ИДФ).
Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе продолжат нападите врз Хутите.
„Кој и да нè нападне, ние ќе возвратиме“,
наведе Нетанјаху.
ИДФ вчера објави дека пресретнала ракета и дрон од Јемен, а хутите подоцна ја презедоа одговорноста.
„Операцијата беше одговор на израелската агресија против нашата земја“,
изјави портпаролот на хутите.