Несреќата се случила кога товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки излетало од мостот „Балталиска река“ во близина на штипското село Лакавица. Според првичните информации, во него се пренесувале странски работници од Бангладеш, кои биле работно ангажирани за струмичка фирма
Три лица загинаа, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа што утринава околу 8 часот се случила на експресниот пат Штип – Радовиш. Несреќата се случила кога товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки излетало од мостот „Балталиска река“ во близина на штипското село Лакавица.

Возилото било во сопственост на правно лице од Струмица, а било управувало од М. Д. (35) од село Иловица. Според првичните информации, во возилото се пренесувале странски работници од Бангладеш, кои биле работно ангажирани за струмичка фирма.
„Кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош“,
соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Увидот на местото на несреќата е во тек.