Повеќе од 100 полицајци од околното подрачје се упатиле кон училиштето за да помогнат, изјави портпаролот на шерифската канцеларија на округот Џеферсон
Ученик отворил оган во средно училиште во предградие на Денвер, Колорадо, и повредил двајца тинејџери, по што се самоубил, соопштија локалните власти, пренесуваат американските медиуми.

Инцидентот бил пријавен околу 12:30 часот (локално време) во средното училиште „Евергрин“ во Колорадо, околу 30 милји западно од Денвер.
Истрелите биле испукани и внатре и надвор од училишната зграда, а полицајците кои пристигнале на местото на настанот го пронашле стрелецот во рок од пет минути, изјави портпаролката на шерифската канцеларија на округот Џеферсон, Џеки Кели.
Ниту еден од полицајците кои пристигнале на местото на настанот не испукал куршум, додаде Кели.
Повеќе од 100 полицајци од околното подрачје се упатиле кон училиштето за да помогнат, изјави портпаролот на шерифската канцеларија на округот Џеферсон.
Во 1999 година, во пукање во средното училиште „Колумбајн“ во округот Џеферсон загинаа 14 лица.