Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Канада се меѓу лидерите на НАТО што остро го осудија руското навлегување на полска територија
Американскиот претседател Доналд Трамп планира денеска да разговара со полскиот претседател Карол Навроцки, по упадите на руски дронови во полскиот воздушен простор, информира Ројтерс.
Трамп го угости Навроцки минатата недела во Белата куќа.

„Што е со Русија што го нарушува воздушниот простор на Полска со беспилотни летала“,
праша тој на социјалната мрежа Трут соушл.
Полските власти утрово објавија дека собориле неколку руски беспилотни летала што го нападнале полскиот воздушен простор и дека остатоците од нив се пронајдени во близина на Лублин.
Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Канада се меѓу лидерите на НАТО кои остро го осудија руското навлегување на полска територија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека раководството на ЕУ и НАТО секојдневно ја обвинува Русија за провокации, најчесто без да се обиде да изнесе какви било аргументи.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Варшава, Андреј Ордаш, изјави дека Полска не доставила докази за наводното руско потекло на беспилотните летала соборени над нејзина територија.
Во текот на ноќта Полска собори неколку беспилотни летала над својата територија кои, како што наведуваат официјални лица во земјата, го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на еден од руските воздушни напади врз Украина.